Проект
„Дизајнирање на помагала за учење за зелен раст за млади лица со попреченост“ #
ПР2: Изработка на аудио материјали за лица со оштетен вид и специјални книги како помагала за учење за млади лица со интелектуална попреченост.
Цел на проектот #
Главната цел е да се развијат и креираат помагала за учење за лицата со попреченост поврзани со одржлив развој и култура.
За таа цел, ќе дизајнираме наставна програма и модули кои се однесуваат на темата одржлив развој и култура. Овие наставни програми ќе се користат како воннаставни активности во училиштата и во НВО за обука на млади . Понатаму, сакаме/ќе го прошириме овој материјал и ќе го прилагодиме на потребите на млади со попреченост.
Цели на проектот #
- Да се развие посебен материјал за учење и помагала за учење приспособени на потребите на младите лица со попреченост и да се поттикнат училиштата и наставниците да продолжат да развиваат слични помагала за други теми.
- Да се идентификуваат и селектираат содржини за наставните програми за учење специфични за секоја земја учесничка и да се создадат соодветни наставни програми привлечни за младите и особено достапни за младите со попреченост
- Да се промовираат овие помагала за учење како јавно добро, особено кај заинтересираните чинители и да се воведат во процесот на учење во училиштата како воннаставни активности.
- Да се промовира концептот на култура на одржлив развој во секоја од земјите и регионите на проектните партнери
Проектни партнери #
- Eurasia Innovative Society Association, Турција
- Udhetim i Lire – Liberi di Viaggiare, Албанија
- Asociatia Babilon Travel, Романија
- Perform On Top, Шведска
- Austrian Association of Inclusive Society (AIS), Австрија
- Lifelong Learning Network (LLN), Македонија