Прочеток на проектот
03 Јануари 2022
Времетраење
24 Месеци
Финансирање
Финансиран од Ерасмус + програмата на Европската Унија
Главна цел
Главната цел е развивање и создавање на помагала за учење за лицата со попреченост, поврзани со зелениот раст и културата.
За таа цел, ќе дизајнираме наставна програма и модули кои се однесуваат на темата зелен раст и култура. Овие наставни програми ќе се користат како воннаставни активности во училиштата и за обука на млади НВО. Понатаму, сакаме/ќе го прошириме овој материјал и ќе го прилагодиме на потребите на загрозените млади со попреченост
Главна цел на проектот
Главната цел на проектот е развивање и креирање на помагала за учење за лицата со попреченост, поврзани со зелениот раст и културата.
За таа цел, произведени се корисни материјали и ресурси кои се однесуваат на темата зелен раст и култура. Овие наставни програми ќе се користат како воннаставни активности во училиштата и за обука на млади НВО. Понатаму, сакаме/ќе го прошириме овој материјал и ќе го прилагодиме на потребите на загрозените млади со попреченост.
Цели на проектот
- Да се идентификуваат и селектираат содржини за наставните програми за учење специфични за секоја земја учесничка и да се креираат соодветни наставни програми привлечни за младите и особено достапни за младите со попреченост.
- Да се развие посебен материјал за учење и помагала за учење приспособени на потребите на младите лица со попреченост и да се поттикнат училиштата и наставниците да продолжат да развиваат слични помагала за други теми.
- Да се промовираат овие помагала за учење како јавно добро, особено кај заинтересираните чинители и да се воведат во процесот на учење на училиштата како воннаставни активности.
- Да се промовира концептот на култура на зелен раст во секоја од земјите и регионите Имплементација: Кои активности ќе ги спроведете?
Целни групи на проектот
Примарната целна публика природно би се состоела од млади лица со попреченост и нивните семејства и старатели/негувателки, персоналот вработен во редовните и специјалните училишта, здруженијата на лица со попреченост и невладините организации. Значително поголема разновидност на целни публики од сите сегменти на општеството ќе биде опширно насочена преку организирање мултипликативни настани. Ова вклучува, но не е ограничено на:
- Персонал од други релевантни институции за темата, со цел да се подигне свеста и да се поттикне пошироко усвојување на резултатите од проектот
- Претставници од невладиниот сектор, како и од бизнис заедницата, со цел да се истражат сите можности за идна соработка, проектна соработка и/или финансирање
Проектот ќе ги развие следните проектни резултати
- Обучени и мотивирани групи млади луѓе се сензибилизираа и се запознаа со концептот на зелен раст и неговото значење за заштита на културното наследство.
- Развиени помагала за учење за млади луѓе со попреченост
- Објавени наставни програми и материјал за учење за воннаставни активности во училиштата достапни и за младите со попреченост. Младите луѓе беа чувствителни на потребите на нивните врсници со попреченост.
- Во многу училишта се организирани воннаставни активности за зелениот раст со користење на дизајнирани наставни програми и помагала за учење, а младите со попреченост ги користат и помагалата за учење и го зголемуваат своето знаење за споменатите теми.
- Идејата за зелен раст беше распространета со креативни помагала за учење и лесно прифатена од младите како дел од нивните лични верувања и систем на вредности