Transnational meeting of the project “Designing green growth learning aids for young
Picture of Зелени алатки

Зелени алатки

Конзорциумот учествуваше на вториот Транснационален состанок во рамки на проектот „Дизајнирање на едукативни помагала/материјали за одржлив развој за млади лица со попреченост” кофинансиран од програмата Еразмус плус на Европската комисија, која обединува 6 партнери од 6 земји: Северна Македонија, Романија, Австрија, Албанија, Шведска и Турција. Состанокот се одржа во Гетеборг, Шведска, на 02.12.2022 година. Заедно, создаваме помагала за учење за лицата со попреченост, поврзани со одржлив развој и култура.

Во рамки на проектот ќе се развијат следните проектни резултати:

  • Р1: Развиена содржина за учење за едукативен материјал погоден за млади лица со попреченост на теми од одржлив развој и култура
  • Р2: Произведени аудио материјали за лица со визуелна попреченост и специјални книги како помагала за учење за млади лица со интелектуална попреченост
  • Р3: Продуцирани филмови за учење за одржлив развој и култура за секоја од земјите учеснички.
  • Р4: Создадена мобилна апликација и промоција на материјалите за учење.

Споделете ја оваа објава