- https://greegrowth.mdu.mk
- Декември 22, 2023
Статус на усогласеност
Ние цврсто веруваме дека интернетот треба да биде достапен и пристапен за секого и се залагаме да обезбедиме веб-страна која ќе биде достапна за пошироката публика, без оглед на околностите и способностите.
За да го постигнеме ова, се трудиме да се придржуваме што е можно построго до Упатствата за пристапност на веб-содржините на World Wide Web конзорциумот (W3C) на AA ниво. Овие упатства објаснуваат како да се направи веб-содржината достапна за луѓето со широк спектар на попречености. Усогласеноста со тие упатства ни помага да се осигураме дека веб-страната е достапна за сите луѓе: слепи лица, лица со моторни оштетувања, оштетен вид, когнитивни попречености итн.
Оваа веб-страница користи различни технологии кои имаат за цел да ја направат што е можно подостапна во секое време. Користиме интерфејс за пристапност кој им овозможува на лицата со специфични попречености да го приспособат корисничкиот интерфејс на веб-страницата и да го дизајнираат според нивните лични потреби.
Дополнително, веб-страната користи апликација базирана на вештачка интелигенција која работи во позадина и постојано го оптимизира нивото на пристапност. Оваа апликација го поправа HTML кодот на веб-страната, ја прилагодува нејзината функционалност и однесување за читачи на екран што ги користат слепите корисници и за функциите на тастатурата што ги користат лица со моторни оштетувања.
Ако наидовте на проблем или имате идеи за подобрување, би сакале да ги чуеме од вас. Можете да контактирате со операторите на веб-страницата користејќи ја следната е-маил адреса lifelong.mk@gmail.com
Читач на екран и навигација со тастатура
Нашата веб-страна ја имплементира ARIA техниката (Accessible Rich Internet Applications), заедно со различните промени во однесувањето, за да обезбеди слепите корисници кои ја посетуваат со читачи на екран да можат да читаат, разберат и уживаат во функциите на веб-страната. Штом корисник со читач на екран ќе влезе на вашата страница, веднаш добива барање да влезе во Профилот на читач на екран за да може ефективно да ја прелистува и управува вашата страница. Еве како нашата веб-страна покрива некои од најважните барања за читач на екран, заедно со слики од екранот на конзолата од примери на кодот:
- Оптимизација на читач на екран: спроведуваме позадински процес што ги учи компонентите на на целата веб страна, за да се обезбеди постојана усогласеност дури и кога се ажурира веб-страната. Во овој процес, на читачите на екран им обезбедуваме значајни податоци користејќи го множеството атрибути ARIA. На пример, обезбедуваме точни називи за формулари; описи за линк икони (икони за социјални медиуми, икони за пребарување, икони за кошничка итн.); упатство за валидација за внесување на формулари; улоги на елементи како што се копчиња, менија, модални дијалози (popup прозори) и друго. Дополнително, позадинскиот процес ги скенира сите слики на веб-страната и обезбедува точен и значаен опис заснован на препознавање на слики-објекти со ALT ТAB (алтернативен текст) за слики што не се опишани. Исто така, ќе извлече текстови што се вградени во сликата, користејќи OCR технологија (оптичко препознавање знаци). За да ги вклучат прилагодувањата на читачот на екран, корисниците треба само да ја притиснат комбинацијата на ALT+1 на тастатурата. Корисниците на читач на екран добиваат и автоматски соопштенија за вклучување на режимот за читање екран веднаш штом ќе влезат на веб-страната.
Овие прилагодувања се компатибилни со сите популарни читачи на екран, вклучувајќи ги JAWS и NVDA.
- Оптимизација за навигација со тастатура: Позадинскиот процес исто така го прилагодува HTML кодот на веб-страната и додава различни техники користејќи JavaScript код за да ја направи веб-страната оптимизирана за тастатура. Ова ја вклучува можноста за навигација низ веб-страната со помош на копчињата Tab и Shift+Tab, работа со паѓачките менија со копчињата со стрелки, нивно затворање со Esc, активирање на копчиња и линкови користејќи го копчето Enter, навигација помеѓу радио елементите и полињата за избор користејќи ги копчињата со стрелки и нивно пополнување со Spacebar или Enter. Дополнително, корисниците на тастатура ќе најдат менија за брза навигација и прескокнување содржина, достапни во секое време со кликнување на ALT+1 или како први елементи на страницата додека се движат со тастатурата. Позадинскиот процес, исто така, се справува со активираните popup прозорци со поместување на фокусот на тастатурата кон нив веднаш штом ќе се појават и не дозволувајќи фокусот да се движи околу нив.
Корисниците исто така можат да користат и кратенки како што се „M“ (менија), „H“ (наслови), „F“ (форми), „B“ (копчиња) и „G“ (графици) за да пристапат до одредени елементи.
Профили на попреченост кои се поддржани на нашата веб-страница
- Безбедносен режим за епилепсија: овој профил им овозможува на луѓето со епилепсија безбедно да ја користат веб-страницата со елиминирање на ризикот од напади кои се резултат на осветлување или трепкање на анимации и ризични комбинации на бои.
- Режим за оштетен вид: овој режим ја прилагодува веб-страната со цел да ја направи практична за користење за корисниците со оштетувања на видот какви што се деградирачки вид, тунелен вид, катаракта, глауком и други.
- Режим за когнитивна попреченост: овој режим обезбедува различни опции за да им помогне на корисниците со когнитивни оштетувања како што се дислексија, аутизам, церебрална парализа и други, полесно да се фокусираат на суштинските елементи на веб-страницата.
- АДХД пријателски режим: овој режим им помага на корисниците со ментално, бихевиористичко и невроразвојно нарушување кое се одликува со невнимание, прекумерна енергија, хипер-фиксација и импулсивност кои се несоодветни за возраста полесно да ги читаат, прелистуваат и да се фокусираат на главните елементи на веб-страницата, истовремено значително намалувајќи ги одвлекувањата на вниманието.
- Режим за слепи лица: овој режим ја прилагодува веб-страницата да биде компатибилна со читачи на екран, како што се JAWS, NVDA, VoiceOver и TalkBack. Читачот на екранот е софтвер за слепи корисници кој е инсталиран на компјутерот и паметниот телефон, а веб-страните мора да бидат компатибилни со него.
- Профил за навигација со тастатура (моторички оштетувања): овој профил им овозможува на лицата со моторички оштетувања да управуваат со веб-страницата користејќи ги копчињата Tab, Shift+Tab и Enter на тастатурата. Корисниците исто така можат да користат кратенки како што се „M“ (менија), „H“ (наслови), „F“ (форми), „B“ (копчиња) и „G“ (графици) за да пристапат до одредени елементи.
Дополнителни прилагодувања на интерфејс, дизајн и прилагодувања за читливост
- Прилагодување на фонтот – корисниците можат да ја зголемат и намалат неговата големина, да го променат видот, да го приспособат растојанието помеѓу буквите, порамнувањето, растојанието помеѓу редовите и друго.
- Прилагодувања на боите – корисниците можат да изберат различни профили за контраст на бои како што се светли, темни, превртени и монохроматски. Дополнително, корисниците можат да менуваат шеми на бои на наслови, текстови и позадини, со преку 7 различни опции.
- Анимации – корисниците со епилепсија можат да ги сопрат сите активни анимации со кликнување на копче. Анимациите контролирани од интерфејсот вклучуваат видеа, GIF слики и CSS трепкачки транзиции.
- Истакнување на содржината – корисниците можат да изберат да нагласат важни елементи како што се линкови и наслови. Тие, исто така, можат да изберат да истакнат само фокусирани или лебдечки елементи.
- Исклучување на звукот – корисниците со уреди за слушање може да доживеат главоболки или други проблеми поради автоматска репродукција на звук. Оваа опција им овозможува на корисниците веднаш да го исклучат звукот на целата веб-страница.
- Когнитивни нарушувања – користиме пребарувач кој е поврзан со Википедија и Викиречник, дозволувајќи им на луѓето со когнитивни нарушувања да ги разберат значењата на фразите, иницијалите, дијалектот и друго.
- Дополнителни функции – им овозможуваме на корисниците опција да ја менуваат бојата и големината на курсорот, да користат режим за печатење, да користат виртуелна тастатура и многу други функции.
Компатибилност со прелистувачи и асистивни технологии
Наша цел е да поддржиме што е можно поширок опсег на прелистувачи и асистивни технологии, така што нашите корисници ќе можат да ги изберат најдобрите алатки кои одговараат за нив, со што е можно помалку ограничувања. Затоа, работевме многу напорно за да можеме да ги поддржиме сите главни системи кои сочинуваат над 95% од уделот на пазарот на корисници, вклучително и Google Chrome, Mozilla Firefox, Apple Safari, Opera и Microsoft Edge, JAWS и NVDA (читачи на екран), како за Windows така и за корисници на MAC.
Белешки, коментари и повратни информации
И покрај нашите напори да овозможиме секој да може да ја приспособи веб-страната на своите потреби, сè уште може да постојат страници или нивни делови кои не се целосно достапни, се во процес да станат достапни или не постои соодветно технолошко решение што ќе ги направи достапни. Сепак, ние постојано ја подобруваме нашата пристапност, ги додаваме, ажурираме и подобруваме нејзините опции и карактеристики и развиваме и усвојуваме нови технологии. Сето ова е наменето да се постигне оптималното ниво на пристапност, следејќи ги технолошките достигнувања. За каква било помош, обратете се на lifelong.mk@gmail.com